WMHE2019 16ти Меѓународен симпозиум за управување со води и хидротехничко инженерство

Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, го организира 16-тиот Меѓународен симпозиум за управување со води и хидротехничко инженерство (WMHE2019). Ни претставува особена чест и задоволство да ги поканиме сите истражувачи, инженери и професионалци кои работат во областа на управување со води и хидротехничко инженерство да придонесат со поднесување на реферати на широк опсег од теми. Симпозиумот ќе се одржи во периодот 5-7 септември, 2019 година, во хотелот Александар Палас во Скопје.

Оригиналниот билатерален симпозиум помеѓу градежните факултети при Техничкиот универзитет во Гдањск (Полска) и Универзитетот во Загреб (Хрватска) е проширен помеѓу повеќе партнерски универзитети: Словачкиот Технички Универзитет во Братислава, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје (Македонија), Универзитетот за природни ресурси и применети природни науки во Виена (Австрија) како и Техничкиот Универзитет во Брно (Република Чешка).

 

WMHE2019 брошура