ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР НА I и II ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2023/2024 ГОДИНА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР НА I ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2023/2024 ГОДИНА

Покриеност настава за зимски и летен за прв циклус на студии  2023/2024

Напомена: документите можете да ги оставите во соодветната кутија според студиската програма или да почекате на шалтер да биде повикан вашиот број (еден студент, еден индекс, еден број)

Пополнувањето на студентската анкета за зимски семестар 2023/2024 е задолжително во период 520. февруари 2024 пред да ги донесете документите на шалтерите на студентскиот оддел.

Запишувањето на летниот семестар во iknow  системот е задолжително во период 520. февруари 2024пред да ги донесете документите на шалтерите на студентскиот оддел.

За студентите на прв циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје, од сите студиски програми, запишувањето на летен семестар, во учебната 2023/2024 година, на шалтерите на студентскиот оддел ќе се врши во период од 20.2.2024 до 23.2.2024 од 10,30 до 13,30 часот и тоа по следниот распоред:

  1. февруари – прв циклус, геотехничко инженерство
  2. 21. февруари – втор семестар, прв циклус, градежништво и геодезија и геоинформатика
  3. 22. февруари – четврти семестар, прв циклус, градежништво и геодезија
  4. 23. февруари – шести семестар, прв циклус, градежништво и геодезија

Почитувајте го распоредот и редниот број што го добивате од системот!

Потребни документи и уплати:

  • Индекс;
  • Образец за заверка на семестарот (се пополнува со предметите од зимски семестар);
  • Образец за запишување на семестарот (се пополнува со предметите од летен семестар);
  • Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар;
  • Пријави за испити во хартиена форма за сите предмети кои ги запишувате во летен семстар (пополнети со основните податоци кои важат за наредните 3 сесии);
  • Уплатена партиципација од 6.200/12.400 ден. за семестар за студентите во државна квота или според бројот на запишани кредити (1 кредит = 205/410 ден)    или
  • Уплатена казна од 620 ден. за секој предмет кој се презапишува по втор и повеќе пати, за студентите во државна квота и во квота со кофинансирање;

Калкулатор на кредити;

УПЛАТИТЕ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: БУЏЕТ НА РСМ – ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРСМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 1000000000 630 95
СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1600104219 788 15
ПРИХОДНА ШИФРА: 723012 41 ЗА ПАРТИЦИПАЦИЈА
ПРИХОДНА ШИФРА: 723019 41 ЗА ОСТАНАТИТЕ ПЛАЌАЊА

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ!!

  • Студентите кои запишуваат предмет по трет пат или немаат положено најмалку 50% од запишаните кредити од минатиот зимски семестар, преминуваат од државна квота во квота со кофинансирање (партиципација 12400 ден, односно цена на 1 кредит 410 д.)
  • Студентите кои изработуваат дипломска работа не запишуваат семестар, ако ја одбранат најдоцна до 29 февруари 2024 год., но потребно е да донесат образец за заверка на зимскиот семестар 2023/2024 година. Студентите кои нема да одбранат дипломска до овој датум, треба да го запишат семестарот само со кредитите од дипломската и обрасци за запишување/заверување на семестар.
  • Запишување на семестар по рокот (до 15.3.2024 год.) е возможно врз основа на писмено барање со објаснување, доставено до продекан за настава и уплатена казна од 1220 денари.
  • Студентите кои го прекинале студирањето, а сакаат да го обноват стаусот на редовен студент треба да се обратат до продекан за настава со писмено барање и да постапат според чл. 80 од Правилникот за студирање на прв и втор циклус на студии (линк до) и Одлука за утврдување финансиски надоместок за обновување на статусот на студент (линк до);
  • Наставата почнува на 26.2.2024 година според Распоредот на часови истакнат на web страната на факултетот, и ќе трае до 7.6.2024 год.

Распоред на часови за прв циклус, летен семестар 2023/2024;

Календарот на активности и неработни денови во 2023/2024 година;

Правилник за студирање на прв и втор циклус на студии;

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ЗА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2023/2024 ГОДИНА

Покриеност настава за зимски и летен за втор циклус на студии 2023/2024

Напомена: документите можете да ги оставите во соодветната кутија според студиската програма или да почекате на шалтер да биде повикан вашиот број (еден студент, еден индекс, еден број)

Пополнувањето на студентската анкета за зимски семестар 2023/2024 е задолжително во период 520. февруари 2024 пред да ги донесете документите на шалтерите на студентскиот оддел.

Запишувањето на летниот семестар во iknow  системот е задолжително во период 520. февруари 2024пред да ги донесете документите на шалтерите на студентскиот оддел.

За студентите на втор циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје, од сите студиски програми, запишувањето на летен семестар, во учебната 2023/2024 година, на шалтерите на студентскиот оддел ќе се врши во на 26.2.2024 и 27.2.2024 од 10,30 до 13,30 часот и тоа по следниот распоред:

26.февруари – втор и четврти семестар, втор циклус, градежништво и геотехничко инженрство

27.февруари – втор и четврти семестар, втор циклус, градежништво и геодезија

Почитувајте го распоредот и редниот број што го добивате од системот!

Потребни документи и уплати:

  • Индекс;
  • Образец за заверка на семестарот (се пополнува со предметите од зимски семестар);
  • Образец за запишување на семестарот (се пополнува со предметите од летен семестар);
  • Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар;
  • Пријави за испити во хартиена форма за сите предмети кои ги запишувате во летен семстар (пополнети со основните податоци кои важат за наредните 3 сесии);
  • Уплатена партиципација од 24.600 ден. за семестар
  • За повторно запишан/заменет предмет на II циклус, студентот плаќа износ во висина од 4950 ден.
  • Студентите кои ги положиле сите испити имаат обврска до магистрирањето да го запишуваат секој семестар со административна уплата од 1220 ден.
  • Запишување на семестар по рокот (до 15.3.2024) е возможно врз основа на писмено барање со објаснување доставено до продекан за настава и уплатена казна од 1220 денари.
  • Студентите кои го прекинале студирањето, а сакаат да го обноват стаусот на редовен студент треба да се обратат до продекан за настава со писмено барање и да постапат според чл. 80 од Правилникот за студирање на прв и втор циклус на студии (линк до) и Одлука за утврдување финансиски надоместок за обновување на статусот на студент (линк до);
  • Студентите кои ги положиле испитите според Наставната програма за втор циклус на студии пред да поднесат пријава за магистерска работа, од студентската служба задолжително подигнуваат извод за положени испити со уплата од 610 ден.

УПЛАТИТЕ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Буџет на РСМ – Градежен факултет – Скопје
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРСМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 100000000063095
СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1600104219 788 15
ПРИХОДНА ШИФРА: 723012 41 за партиципација
ПРИХОДНА ШИФРА: 723019 41 за други уплати